Знамињата на државите ви светот ги има во различни бои и симболи. Но, меѓу знамињата на 190-те земјиво светот, ниту едно ја нема виолетовата боја на него. Ако погледнеме низ историјата, виолетовата боја никогаш не претставувала кралство, царство или држава. Денеска пак, е многу популарна, па затоа се поставува прашањето зошто ниту една држава ја нема на своето знаме?

Една од причините е што, виолетовата боја во минатото била многу скапа. Во старите времиња таа се добивала од посебни видови на морски полжави од Медитеранот. Било потребно повеќе од 10.000 полжави за само еден грам боја.

Поради тоа оваа боја била ценета како и златото. Виолетовата боја во поголемиот број од случаите ја поврзувале со кралските семејства, затоа што единствено тие имале услови да ја носат.

Кралицата Елизабета во 16. век наредила виолетовата боја дека смеат да ја носат само членовите на кралското семејство. И никој освен нив. Меѓутоа, оваа боја понекогаш била скапа и за самите владетели.

Римскиот император Аурелије и забранил на својата сопруга да купи свилен виолетов шал, затоа што едно шишенце виолетова боја чинело три златни полуги, што денес би изнесувало околу 50.000 евра.

Престижниот статус на виолетовата боја се променил дури во 1856 година, кога студентот од британскиот универзитет, Вилијам Хенри Перкин, обидувајќи се да пронајде лек за маларија, случајно открил како да произведе синтетичка виолетова боја.

Со тоа нејзиното производство било значително олеснето, виолетовата боја станала достапна за сите, па не чуди што станува многу почеста некаде околу 1900 година, а сега е и една од попопуларните, посебно кај понежниот пол.