Зошто и од кога ги поместуваме стрелките на часовникот?

347

Додека траат расправите околу тоа во која временска зона да се остане откако ЕУ ќе го укине поместувањето на часот 2021 година, во недела, 27 октомври, уште еднаш ќе поминеме на зимско сметање на времето и стрелките ќе ги вратиме наназад, а многумина се прашуваат како воопшто дошло до зимско и летно сметање на времето.

Ако се прашувате која е поентата во поместувањето на стрелките, одговорот е краток и јасен – за подобро да се искористи дневната светлост. Кога наесен го поместуваме времето еден час наназад дневната светлост од попладневниот термин го преместиме во утринскиот, како што се верува, за многу луѓе е покорисно. Спротивното се случува напролет.


Меѓутоа, ова поместување на стрелките на часовникот напред-назад не значи дека се продолжува времето на траење на дневната светлина. Тоа секогаш исто трае во одреден период од годината, независно од тоа колку часови покажува.

Самата идеја дека со поместувањето на часот ќе се создаде илузија на подолг ден стара повеќе од 200 години, ама недостигот на јаглен низ Европа ја натера Германија и нејзината сојузничка Австро-Унгарија во текот на 1916 година да почнат да штедат енергија, а тоа наскор го направиле и другите земји. Многумина од таа промена на времето се откажале по 1918 година, за повторно да ја воведат во текот на енергетсктата криз од 70-тите години на 20 век.

Меѓутоа, сите држави не ги поместуваат стрелките во ист ден, и не во ист правец.

Членките на ЕУ ќе ги поместат стрелките на часовникот наназад во недела, додека САД ќе го сторат тоа во првата недела од ноември. Нов Зеланд го поместувава времето еден час нанапред во септември, додека австралисктие држави на промената преминуваат во првата недела од октомври.

Русија во 2011 година одлучи да се придржува до летното сметање на времето, ама тоа доведе до ситуации во некои краишта на пладне да биде темница, па во 2014 година премина на зимско сметање на времето и остана на тоа.

Најочигледниот ефект од поместувањето на време е еден час повеќе спиење во ноќта помеѓу сабота и недела. Ама многу позначајни се ефектите врз употребата на енергијата, земјоделството и расположението на луѓето.

Критичарите на промената на времето тврдат дека поместувањето на стрелките не се заштедува енергија, бидејќи многу домаќинства почнуваат со греењето на домовите порано изутрината.

Што се однесува до здравствените последици, општо е познато влијанието на дневната светлина врз произвоството на витаминот Д. Критичарите, меѓутоа, укажуваат на последиците по навиките за спиење, што влијае врз срцевиот ритам.

Студиите предупредуваат на ризик од срцев удар во првите три недели по промената на врмето напролет. Од друга страна, откриено е дека еден час повеќе сон наесен го намалува ризикот од срев удар во првите недели по поместувањето на стрелките.
Откриено е дека иако поместувањето на стрелките наназад не доведува до подолго спиење, освен тој ден кога се поместуваат стрелките, губењето еден час влијае негативно на спиењето во следните неколку недели.

Кога станува збор за влијанието на економијата и тука мислењата се поделени. Услужните дејности и туризмот имаат корист од продолжен ден во текот на пролетта и летото. Земјоделците, од друга страна, се против промената на времето поради влијаните на многу земјоделски активности – од молзењето на кравите до жетвата.