Цените на Исланд во просек се 56 отсто повисоки од остатокот на Европа, што оваа островска држава ја прави најскапа земја на Стариот континент. Според последните податоци од Евростат, на листата по Исланд се најдоа Швајцарија, Норвешка и Данска.

Просечна плата од 4.000 евра

Уште еден виновник за високите цени на Исланд се и високите осцилации на исландската круна во 2016 и 2017 година.

Иако трошоците за живот може да бидат шок за туристите, Исланѓаните во просек добро живеат, а лани просечната плата им била повеќе од 4.000 евра.

„Исланд е многу мал. Тешко е да се спореди економијата на толку мала држава со онаа во земји сто пати поголеми од неа“, вели Конрад Гудјонсон, главен економист во Стопанската комора на Исланд.

Лоши прогнози

Сепак, предвидувањата на централната банка не се позитивни. Се предвидува дека економијата на островот ќе се намали за 0,4 отсто оваа година, што би бил прв пад во последната деценија.

Како причина за лошите вести се наведува падот на туристичките посети, предизвикан од пропаѓањето на нискобуџетниот авиопревозник Vayu air.

Негативните прогнози се поттикнати и од веста за раст на инфлацијата, која достигна 3,1 во првиот квартал од 2019 година, со што значително е намалена куповната моќ.

Добра вест е што заканувачката рецесија треба да ги снижи цените на кириите, кои последните години растеа.

Имено, месечна станарина за еднособен стан во центарот на Рејкјавик изнесува околу 1.500 евра.