Зошто е бесна фолкерката Нада Топчагиќ: “Фали уште ковчег да ми спремат”!

59

На естрадите од поранешна Југославија ова е време кога им се доделуваат годишните награди на најуспешните. Меѓу тие награди се наоѓа и онаа што се вика “За животно дело” која пејачите не ја сакаат од причина што на тој начин нивната кариера завршува. Тоа пред некој ден и се случило на популарната српска пејачка Нада Топчагиќ која е позната по тоа што не знае да биде лицемерна, па оваа награда која и ја доделија, таа им ја вратила, со ова образложение: – Тоа значи дека е крај на мојата кариера и на животот, барем јас така гледам. На кого и да му ја доделат, тој бргу потоа умира. За испраќање фали уште ковчег да ми спремат. Затоа одбивам да ја примам оваа награда, која не е според мојата желба, вознемирено кажала Нада. Д.М.