Зошто “Гоце фест 2019” остана без песната “Судбина тешка” и пејачот Спасен Силјановски?

315

Фестивалот на патриотската народна македонска песна “Гоце фест 2019″, што овој петок ќе се одржи во Скопје во Домот на АРМ, и понатаму крева голем прав и поради неучеството на познатиот пејач Спасен Силјановски и неговата (одбиената) песна “Судбина тешка”. Организаторите веројатно ја знаат причината, а самиот пејач поради оваа за него сепак, мачна ситуација во која се најде, еве што вели за “Вечер”:

– Песната ми беше одбиена со услов да сменам нешто што се побара во самиот текст. Тој што ја има мувата на капата нормално дека ќе му пречи, а се разбира на кој. Но, исто така се разбира не потклекнав на нивните притисоци.Дел од текстот не сакав да го сменам. Текстот за песната е впрочем, авторско дело на мојата мајка Јагода, така што ни таа не ја прифати промената на текстот за “Судбина тешка”… жалам што песната нема да ја чуе публиката на сцената на “Гоце фест 2019”. Песната ја компонирав не да добијам на популарноста, тоа не, туку преку песната да го искажам тоа што го чувствувам спрема татковината Македонија, вели Спасен. За оваа убава песна се погрижија и: Милан Зафков за аранжманот, басистот Никола Автовски и Далибор Ефтомовски на тапан, и на кларинет Новица Соколовски. Тие велат истото тоа што го кажува и Спасен, дека оваа цензурирана песна е песна која мора да ја чуе секој Македонец, бидејќи ја засега секоја чиста македонска душа!  Д.М.