Зошто бебето се крие во првите 40 дена: Неколку суеверија во кои сѐ уште веруваме

196

Иако ова се стари суеверија и толкувања, многу од нив постојат и денес и некои луѓе сѐ уште веруваат дека одредени знаци и симболи можат да ги предвидат идните настани.

Суеверието е наследено верување кое настанало во минатото, поради тоа што луѓето не можеле да најдат објаснување за одредени појави, но и од страв од непознатото.

Иако, знаеме дека денес по суеверијата не треба да се водиме, тешко дека ќе сретнете личност која ќе биде среќна затоа што црна мачка и го пресекла патот.

Еве неколку суеверија кои сѐ уште се актуелни:

Лицето на бебето се крие 40 дена по раѓањето

Постои суеверие дека луѓето однадвор не треба да го гледаат лицето на новороденчето во првите 40 дена.

Нашите предци верувале дека на овој начин детето е заштитено од лошите погледи, па дури и денес се практикува децата да не се изнесуваат надвор во текот на првите 40 дена поради имунитетот. Се работи за суеверие, а не за стручни совети.

Не одете под скалата

Некои луѓе веруваат дека поминувањето под скала поставена под остар агол привлекува негативни работи во животот.

Не враќајте се дома ако сте заборавиле нешто

Суеверните луѓе не препорачуваат враќање дома дури и ако сте заборавиле нешто важно, бидејќи се верува дека тоа носи лоша среќа, а наводно, ако треба да се вратите, негативниот ефект ќе се ублажи со гледање во огледало.

Не фрлајте ѓубре навечер

Постои едно старо суеверие дека ништо не се исфрла од куќата по зајдисонце, бидејќи ненамерно може да се ослободите од позитивната енергија од вашиот дом.

Носењето црвен конец на раката

Ова го прават оние кои веруваат дека црвениот конец е еден вид амајлија, дека штити од неволји, несакани настани и разни видови негативна енергија.

Чукнување во дрво

Ова се прави за да привлече среќа и да ги збуни злите духови кои би можеле да го слушнат разговорот.

Претходно се веруваше дека дрвјата можат да заштитат од негативност.

Ако црна мачка ти го пресече патот, не оди по него

Ако црна мачка ви го пресече патот, суеверните луѓе веруваат дека не треба да одат по него.

Тоа е затоа што црните мачки се симбол на несреќа со векови.

Врз основа на ова, суеверните луѓе веруваат дека средбата со црна мачка ќе резултира со проблеми.

Денес, исто така, се верува дека мачката може да открие каква енергија владее во вашата куќа.