Зорман ќе му асистира на Вујовиќ

55

Челниците на Словенечката ракометна федерација, на селекторот Веселин Вујовиќ во стручниот штаб му доделија нов асистент. Станува збор за Урош Зорман, кој е пранешен словенечки ракометар, додека Урош Шербец си останува да ја врши улогата на прв тренер.

Словенија не се пласираше на СП Германија, затоа што во баражот беше елиминирана од Унгарија. Нивната цел да се пласираат во Олимписките квалификации, односно на ОИ Токио, сега ќе ги бараат преку ЕП Австрија, Шведска и Норвешка. Две места од тоа ЕП ќе водат во квалификациите за ОИ.