Зорица Нушева доби наградата за најдобра актерка за улогата на ,,Петрунија” на Фестивал де Севиља

183

Делчевката Зорица Нушева доби уште едно големо призание за својата глума во филмот ,,Господ постои името и е Петрунија”. Овој пат наградата пристигна од Festival de Sevilla на кој Нушева се закити со статуетка за најдобра актерка од страна на организаторот на фестивалот.

-Ви благодарам од дното на својата душа, благодарам за оваа чест, навистина неверојатно, наградата навистина многу ми значи. Се надевам дека сите во ова време на криза сте безбедни. Да бидеме паметни, останете дома, бидете безбедни, истакна Нушева по повод добивањето на наградата.

Филмот ,,Господ постои името и е Петрунија” се прослави на Берлинале и оттогаш до денес учествуваше на многу фестивали со освоени голем број на награди. Моментално поради коронавирусот откажана е дистрибуцијата на филмот во Јапонија која е одложена за април кога се очекува и неговата тамошна премиера.

Извор:МИА