Зорица Марковиќ:“Можат да ми плукнат под прозорецот“! Популарната пејачка отворено за некои од своите колеги…..

222

Некои од колегите затоа и љубоморно ме озборуваат и мене и колешката Вера-Верка Матовиќ дека сме “шаторски“ пејачки. А, демек, тие се од големото “добро утро“, а јас и Верка за нив сме некој “к…. на бициклу“. Никогаш не би ги живеела нивните животи!

Зорица Марковиќ е многу добро позната пејачка, но да бидеме искрени уште попозната е по својот вокабулар, кој честопати знае да ги премине границите на добриот вкус. Таа воопшто не се стега за своите колеги да зборува јавно, отворено и без “влакна на јазикот“. Притоа не ја интересира дали ќе ги повреди. Бидејќи вели дека ја зборува само вистината. А, еве што неодамна кажала, меѓу другото: -Најсилниот естраден клан за пеење на ромските свадби се Љуба Аличиќ, онаа Снежана Ѓуришиќ што важна ми се прави во “Ѕвездите на Гранд“, па Злата Петровиќ, како и покојниот Шабан Шаулиќ. Не се тие виновни што им пеат на Ромите за дебели пари, виновни се менаџерите.

Пеат по три свадби, а една е обавезно за менаџерот кој тие пари ги пика во својот џеб. Е, јас нема да се з….. со менаџерот да им ги полнам сметките. Некои од колегите затоа и љубоморно ме озборуваат и мене и колешката Вера-Верка Матовиќ дека сме “шаторски“ пејачки. А, демек, тие се многу важни, тие се од големото “добро утро“, а јас и Верка сме некој “к…. на бициклу“. Никогаш не би ги живеела нивните животи. Послатко ми е сè ова на мене што е околу 300 евра отколку нивните крпи за 3.000 евра заработени ете на таков питачки начин. Можат само да ми плукнат под прозорецот, искрена е Биг-Зорка, како што нагалено ја ословуваат медиумите.(foto:Instagram)