И ако во својот дом во Струмица, Заеви се уште не ја накитиле елката или барем не ни се пофалиле со фотографиите, тие сепак го допреле новогодишното дрво неодамна на роденденот на Нато во Лондон. Зоран и Зорица убавиот момент за траен спомен го овековечиле покрај богато накитената Нато-елка, на која се најде и ламипонче на кое е испишано името на Република Северна Македонија. До оваа елка се сликале и сите останати кои биле на прославата.
За таа прилика сопругата на премиерот изгледаше свечано. На себе имаше елегантен фустан со строг крој, кој го зачини со темен ремен и чантичка. Во фустан со сличен крој, во небесно сина боја, ја видовме првата дама на САД, Меланија Трамп тогаш на инаугурација на нејзиниот сопруг Доналд. Тоа е сличен горен дел на преклоп, долги ракави и должина до колена. Зорица Заева и овој пат е стилизирана од нејзиниот стилист Драган Гоцев – Даци.
Примиерот беше облечен во класичен машки костум, но избран според сите светски модни стандарди, а кој одлично му прилега….