EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Швајцарскиот голман Јан Зомер е на чекор да замине од Борусија Менхенгладбах и да прејде во редовите на Манчестер јунајтед кој во него гледа замена за Давид де Хеа, објави денеска германскиот весник „Билд“.

Швајцарскиот репрезентативец има важечки договор со бундеслигашот од Менхенгладбах до крајот на оваа сезона, што значи дека веќе во јануари може да преговара со други клубови за својата фудбалска иднина.

Доколку Зомер го напушти клубот, Борусија Менхенгладбах како негов наследник го гледа Јан Олшовски и нема планови да ангажира голман од друга средина, наведува „Билд“.