Актуелниот шампион на Италија, тимот на Милан, се вклучи во трката по потписот на големиот талент од редовите на Рома, Николо Заниоло. Повремениот репрезентативец на Италија веќе ги информирал клупските челници на римската „волчица“ дека сака да си замине од „Олимпико“ до крајот на зимскиот преоден рок. Неофицијално „росонерите“ сакаа прво да го позајмат Заниоло, а потоа да го откупат неговиот договор за 25 мил. евра.