Британскиот боксер Ентони Џошуа, призна дека и се радува на борбата со својот сонародник  Тајсон Фјури.

Фјури има титула во ВБЦ верзијата, додека Џошуае соственик на шампионските појаси во ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО. Преговорите за борбата меѓу двајцата британски боксери веќе се започнати и по се изгледа дека за кусо време ќе падне конечнот договор.

-Тука сум за да остварам нешто историско. Гладен сум и мотивиран. На крајот, Фјури е само уште еден во низата мои противиници во рингот, изјави Џопуа.

-Ќе биде голема борба за сите други, но јас морам да бидам сконцентриран и да гледам нан его како на уште еден противник. Секако дека се радувам, ќе биде тоа спектакл, додаде Британецот.

Но пред борбата со сонародникот, Џошуа ќе влезе во рингот со предизвикувачот Кубрат Пулев (Бугарија), додека Фјури подоцна годинава треба да ја одработи третата борба со Американецот Дионтеј Вајлдер.

-Знам какво е чувството да се биде на врвот, а знам и како е кога ќе загубиш се. Но јас и кога паѓам, станувам. Кој и да застане против мене нека знае дека не сакам повторно да паднам. Кога ќе се борам со Пулевили со Фјури, ќе им покажам како се бори човек кој се изгубил, па се вратил, заврши Џошуа кој ги загубу сите титули од Американецот со мексиканско потекло Енди Руиз, а потоа си ги врати.