Знам дека сум еден од најомразените фудбалери

59

Офанзивниот бек на каталонскиот гигант Барселона, Жорди Алба, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека важи за еден најомразените играчи во фудбалскиот свет. Репрезентативецот на Шпанија откри дека не е омилен помеѓу останатите играчи поради неговиот стил на игра и додаде дека постои голема разлика помеѓу човекот кој трча на зелениот терен и тој кој е надвор од фудбалските стадиони.

  • Јасно е како ден дека луѓето кои ме познаваат преку фудбалската игра сметаат дека јас сум еден од најомразените фудбалери. Се ми е јасно. Тоа е поради мојот стил на игра, но таков е мојот стил на игра, таквиот стил ме води низ целата моја кариера како играч и благодарение на тој стил јас сум тука каде што сум сега. Останатите луѓе добро знаат каков сум јас, дека сум многу скромна личност и дека ценам се што имам во мојот живот. Играчот Жорди нема многу допирни точки со човекот Жорди или пак со Жорди кој соработува со тимските колеги. Да, точно е, добро знам дека сум еден од најомразените фудбалери во светот, изјави офанзивниот бек на каталонскиот гигант Барселона.