Пит Тауфатофуа е познат по своите настапи на отварањето на Олимписките игри. Овој спртист од Тонга, прв пат се појави на Олимписките игри во 2016 година во Рио, а тогаш го носеше знамето на својата земја на свеченото отварање.

Привлече големо внимание со свoјата појава, бидејќи се појави гол до појас, поточно без маица и во традиционална сукња каква што носат племињата од Тонга, а телото му беше цело намачкано со масло.

Во Рио де Жанеиро се натпреваруваше во таеквондо, а потоа во исто издание се појави на Зимските олимписки игри во 2018 година, каде се натпреваруваше во крос – кантри. Сега повторно го направи истото во Токио. Се појави без маица, телото му беше намачкано со масло и пак го привлече вниманието, особено на женскиот дел на публиката и спортистките.

Пит е роден во Тонга, но по едно големо невреме ја загубил куќата во која живеел со своето семејство. Тоа го натерало подоцна да почне да работи со хуманитарни организации кои се занимаваат со бездомнивите, како и да биде вклучен во работа на организацијата која се занимава со глобалното затоплување.