Кога му е најтешко тој му се моли на бога, а кога му е убаво тој му се заблагодарува. Вака тврди познатиот македонски пејач Петар Нечовски од Охрид. Всушност, Петар или Пеце по потекло е родум од ближниот Ресен. Публиката го препознава не само по многуте хитови со кои ја обележа македонската музичка сцена, туку и по неговиот имиџ – коњското опавче од кое не се откажува по никоја цена.

Во ова време на пандемијата и Петар ги почувствувал последиците од беспарицата. Но здравјето пред сè, согласен е пејачот. Никаде не настапувал, а колегите му беа многу лути кога им порачал и препорачал, дека можеби најдобро е секој музичар да си најде нова работа. Пејачот е долги години во брак со сопругата Анастасија.

Многупати знае да си признае дека сака да е во кујната, повеќе од сопругата, бидејќи е голем љубител на риба. Особено охридската пастрмка, која мошне добро ја подготвува, прсти да излижеш! А, нема кој не ја пробал со добро вино кај Пеце дома, бидејќи е домаќин човек. (Д.М.)