Впечатокот на новинарските екипи е дека храната за рускиот војник на фронтот не заостанува зад неговото оружје, кое во многу сегменти во светот е без конкуренција. Што се крие во дневното следување на рускиот војник кое е спакувано во кутија, со бруто-тежина од 2,1 килограм?

Ако се прашувате што јадат руските војници на бојното поле и што има во нивниот пакет за храна, време е да дознаете. Новинарските екипи кои се затекоа на терен, добија војнички пакети храна и еве што откриваат.

Дневното следување на рускиот војник е спакувано во кутија, со бруто-тежина од 2,1 килограм и уредно наредена. Варијантата 1 содржи 4.500 калории. Во кутијата стриктно пишува дека не се продава, како и дека е во продукција на „Военторг“. Рокот на траење на пакетот храна на руската армија е 22 месеци.

 

Пакетот содржи три оброци со нето-маса од 250 грама, спакувани во алуминиумски садови. Во едниот има парче говедско месо, во другото грашок со телешко, а во третото – пилешко со зеленчук. На секој сад е напишана детална декларација за составот на храната содржана во неа, вклучувајќи ја и енергетската вредност. За загревање на конзервите, предвидени се посебни потпалувачи на оган, слични на хипо-коцките кои се палат со специјални водоотпорни кибритчиња.

Покрај главните три оброци, дневната рутина вклучува две пакувања паштета, џигер и свинско месо, чинија сланина тешка 100 грама и едно пакување со сирење. Има и јадење  „кавијар од зеленчук“, – руски традиционален специјалитет сличен на нашиот сатараш, тежок 100 грама. Руската армија посветува посебно внимание на слатките, па така секојдневно е вклучено пакување пире од јаболка со тежина од 100 грама, едно пакување џем од јаболка, две пакувања од 50 грама бисквити и две пакувања солени крекери со иста тежина. Темното чоколадо е особено вкусно, а во пакетот има и кесичка со 10 гуми за џвакање и три кесички шеќер со тежина од по 20 грама.

 

Посебно внимание е посветено  на пијалаците, па така секој ден рускиот војник на фронтот добива пакет од две кесички црн индиски чај, кесичка кафе, три кесички сок во прав, сол, бибер, пластичен прибор за јадење, влажни марамчиња, мултивитамин од 1.000 мг и апче за чистење вода.

Впечатокот на новинарските екипи е дека храната за рускиот војник на фронтот не заостанува зад неговото оружје, кое во многу сегменти во светот е без конкуренција. Трите дневни оброци по вкус и хигиенски стандарди се на ниво на храната што се служи во авионите, па дури и подобри.