ЗЛОСТОРСТВО ВО ФРАНЦИЈА: Ученик избодел до смрт професорка за време на часот

105
EPA-EFE/IAN LANGSDON

Шеснаесетгодишен иченик од средно училиште во францускиот град Сен-Жан-де-Луз избодел до смрт професор по шпански јазик, пишува Би-би-си. Локалните медиуми јавија дека инцидентот се случил утрово во училницата за време на наставата. Ученикот е уапсен.

Властите потврдија дека полицијата е на местото на настанот со локален обвинител. Обвинителот Џером Буриер потврди за АФП дека на професорката и била укажана помош на местото на несреќата, но таа починала од повредите.

Францускиот весник Sud Ouest објави дека напаѓачот влегол во училницата додека професорката по шпански одржувала лекција и ја нападнал.