Помалку од 50 луѓе на светот имаат „златна крв“, како што ја нарекуваат научниците од групата на Тиери Пејрар, директор на  Националната лабараторија за имунохематологија во Париз, оваа најретка крвна група на светот.

Во светот постојат 35 различни системи за класификација на крвните групи, а најголемиот т.н. резус систем, разликува вкупно 50 антигени. Се работи за протеини на површината на крвните ќелии, способни да реагираат со антителата.

Истражувањето објавено во списанието Blood journal го зема во предвид само резус системот, пишува Focus.de

Како и кај т.н. ABO методи и кај резус системот постојат ознаки како што се Rh+ (RH позитивна), доколку на крвните келии постои антиген кој одговара, односно супстанца способна да реагира со антителата, а доколку нема способност станува збор за  – (RH негативна).

Најретката крвна група е RH нула, која нема ниту еден од 50 антигени од резус системот.

Во светот постојат само 43 луѓе со оваа крвна група. Овие луѓе важат за идеали даватели на крв, но ретко таа крв се користи за трансфузија. Резервите на оваа крв се толку мали, и името „златна крв“ е оправдано.

Ретката крвна група во 1961 година  за првпат е откриена кај една Абориџанка.