Men's Handball - Croatia v Norway - 2017 Men's World Championship, Semi-Finals - AccorHotels Arena, Paris, France - 27/01/17 - Croatia's Zlatko Horvat reacts after scoring. REUTERS/Charles Platiau

Македонскиот ракометен клуб Металург продолжува со максимално засилување за новата сезона. Тимот од „Автокоманда“ го ангажираше десно крило на хрватската ракометна репрезентација и шампионот на оваа земја  Златко Хорват.

Ваквата разврска доаѓа , откако, македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски го одбра Вардар, а Металург веднаш најде замна во Хорват

Хорват целата своја ракометна кариера ја мина во Загреб сега одлучувајќи се за прв интернационален предизвик во дресот на Металург.

Металург претходно го засили тимот и со Никола Потиќ, Момир Рниќ и Бранко Канкараш, додека потпишаа и со Бразилецот Енрике Тешеира, чиј трансфер се искомплицира.