Златен лотосов цвет на Нефертити и печат со името на богот Амур откриени во гробница на Кипар стара 3.000 години

275

Во група гробници на Кипар, стари 3.000 години, откриен е златен приврзок во облик на лотосов цвет со скапоцени камења, сличен на оној што го носела кралицата на древниот Египет, Нефертити. Покрај накитот, меѓу околу 500 пронајдени артефакти, се издвојува печат со името на месопотамискиот бог Амур.

Археолозите од Шведска и Кипар, кои ги проучуваат овие подземни гробници во античкиот град Хала Султан Теке, пронајдоа останки на 155 луѓе со околу 500 парчиња накит и други вредни предмети. Телата биле закопани едно врз друго, а научниците веруваат дека гробницата се користела со генерации, соопшти Универзитетот во Гетеборг.

„Наодите укажуваат дека гробниците биле користени од владејачката елита во градот. На пример, најдовме скелет на петгодишно девојче со златен ѓердан, златни обетки и златна дијадема, што значи дека детето припаѓало на богато и моќно семејство“, изјави Петер Фишер, почесен професор во Гетеборг.

Накитот пронајден во гробовите се изработени од злато, сребро, бронза и слонова коска, а откриени се артефакти од повеќе светски култури, географски многу оддалечени еден од друг.

Археолозите како едно од најзначајните наоди го издвојуваат минералниот печат од хематит, на кој се испишани имињата на месопотамискиот бог Амур и двајцата кралеви познати во историјата, таткото и синот, а особено е необично што таков печат завршил на 1.000 километри одалечениот Кипар. Експертите утврдиле дека овој печат потекнува од 18 век п.н.е.

Откриени се и црвени карнеолски скапоцени камења од Индија, сини скапоцени камења од лапис лазули од Авганистан и балтички килибар. Научниците веруваат дека ова е доказ дека луѓето од бронзеното време имале развиена трговска мрежа.

„Најдовме и керамички бик, кој имаше два отвори на телото. Едниот на грбот низ кој се истураше течноста, најверојатно вино, а другиот на носот на бикот преку кој се пиеше течноста. Веројатно се користел за ритуални цели во гробницата, при доставувањето на поштата до покојникот“, наведува Фишер.

Покрај златниот приврзок, каков што носела египетската кралица Нефертити, пронајдени се и други предмети од древниот Египет, како амајлии во форма на скарабеи со испишани хиероглифи или остатоци од риби увезени од долината на Нил.

„Споредбите со слични наоди покажуваат дека повеќето градби од Египет датираат од владеењето на кралицата Нефертити и нејзиниот сопруг Ехнатон, таткото на Тутанкамон, околу 1350 г. пред н.е.“, вели Фишер.

Археолозите планираат да направат и ДНК анализа на коските пронајдени во гробниците, со цел да утврдат дали сите тие се поврзани и колку луѓе кои биле дојденци од други култури биле закопани во гробницата.