Зи-Зу стои на тенок мраз

58

Се погласни и погласни се шпекулациите дека раководните лица на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М) не се задоволни од работата на шефот на стручниот штаб, Зинедин Зидан. Францускиот стручњак е посочен како главен виновник за просечните резултати на почетокот од новата клупска сезона и затоа шпанските медиуми шпекулираат дека „кралскиот клуб“ сака да ги осигура услугите на аргентинскиот стручњак, Маурицио Покетино.