Зимата без снег го зема данокот – повеќето акумулации се празни, под знак прашање наводнувањето на нивите

202

Зимава немаше големи врнежи од снег, поради што повеќето акумулации се празни, а тоа ќе биде сериозен предизвик на надлежните институции во наредниот период. Ова е констатацијата на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули кој решението го гледа во една институција која ќе ја преземе грижата за водите.

– Иако повеќето акумулации се соочуваат со недостиг на вода, засега нема да има рестрикции. Предизвикувачки ќе биде наводнувањето на земјоделските површини. Затоа уште отсега мораме да размислуваме грижата за водите да биде во рацете на една институција, а не како досега во седум кои само си ја префрлаат одговорноста – истакна Макрадули.  

Тој нагласи дека ситуацијата во акумулацијата Стрежево е критична, а за состојбата со Преспанското Езеро рече дека ситуацијата се контролира и за таа намена е формирана работна група.