Зимата што е на прагот, ќе биде поинаква од претходните, оличината на врнежи ќе биде над просекот, особено во декември и февруари. Српскиот метеоролог Марко Чубрило, направи метео анализа и предупредува дека треба да бидеме подготвени за почести врнежи од снег во однос на изминатите две зими.

Најстуден период веројатно ќе биде крајот на декември и почетокот на првиот месец од идната година. Но, вкупно оваа зима најстуден месец најверојатно ќе биде јануари. Во јануари можна е појава на студено време и големи минусни температури. Февруари може да донесе нешто потопло време, но постои одредена веројатност, околу 40 отсто, дека и овој месец ќе биде релативно студен.

Нашиот дел од Европа го следи многу променлив декември, со чести врнежи и промени во затоплувањето и заладувањето.

„Како што месечината се оддалечува, а количината на студен воздух на север расте, се почести ќе бидат студените епизоди коин ќе носат сè повеќе снег во пониските региони. Со ваква временска прогноза овој месец би имало значителен вишок на врнежи. Кон крајот на месецот може да дојде до посилно заладување. Во такви услови, јануар би можел да биде студен и богат со снежни врнежи“, најави Чубрило.

Тој додава дека и февруари би можел да биде многу богат со врнежи, а бидејќи нема сигнал за висок воздушен притисок над Југоисточна Европа, голема е веројатноста кон Балканот да доаѓа многу студен воздух, кој повторно од Русија, би одел директно кон Централна Европа, а потоа и периодично во налети кон Балканот.

„Тоа веројатно ќе донесе релативно студен февруари богат со врнежи, но со можни периоди на потопло или на кратко релативно топло време, предупредува српскиот метеоролог Марко Чубрило.