Зинедин Зидан, кој имаше два мандати во Реал Мадрид, во моментов е без клуб, а очигледно не брза околу потрагата за нова работа, бидејќи како што пишуваат француските медиуми, веќе се знае кој тим би можел да го преземе во блиска иднина.

Веројатно разочарани од ремито 1:1 на ПСЖ со Клуб Бриж во првото коло од Лигата на шампионите, како и чудната одлука да го извади Лионел Меси во 75. минута во килавата победа над Лион со 2:1 во последните секунди, француските медиуми пишуваат за отказ на Маурисио Покетино. Тие се сомневаат дека Аргентинецот би можел да ја освои Лигата на шампионите со Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, па започнаа да шпекулираат за негово заминување, а како главен кандидат се споменува Зи-Зу.

На Меси вадењето од игра не му се допадна, а очигледно и на братот на сопственикот на многу богатиот клуб, Калид бин Хамад бин Калифа Ал-Тани.

  • Лондон е прекрасен град, го знаете тоа, напиша шеикот на социјалните мрежи, алудирајќи на фактот дека Покетино со години беше тренер на лондонски Тотенхем.

Инаку, Зинедин Зидан, кој е слободен откако ја напушти клупата на „Лос Бланкос“, исто така, извесно време фигурираше како најверојатниот наследник на Дидие Дешамп на клупата на Франција. Но, бидејќи Дешамп останува на таа позиција барем, до Светското првенство во Катар, каде ќе го брани златото, така и Зидан се оддалечи од таа приказна.

Овој пат тамошните медиуми пишуваат дека Зидан наводно веќе бил информиран за замена на Покетино од парискиот клуб. Исто така се споменува дека заедно со Зидан на „Паркот на принцовите“ би се преселил и долгопосакуваниот Пол Погба, кого Зи-Зу сакаше да го донесе во Реал.