Дома МАКЕДОНИЈА Зибери гласал во изолирана кабина

Зибери гласал во изолирана кабина

319

Пратеникот Арбен Зибери, кој гласаше на синоќешната собраниска седница од посебна просторија за новата влада, дошол во парламентот само за чинот на гласањето. Откако заминал, веднаш биле дезинфицирани и кабината и лифтот во Собранието.

Од Собрабнието појаснуваат дека пратеникот од ДУИ не бил ниту изолиран, ниту тестиран за Ковид-19. Сепак, поради тоа што лично не се чуствувал добро, Зибери од колегијален аспект го информирал претседателот на Собранието Талат Џафери за тоа.

Претседателот на Собранието според протоколот на здраствената комисија што ни беше доставен преку препораките (во случај некој и да се двоуми, односно субјективно да сугерира дека не се чувствува добро), Собранието да биде подготвено со посебна просторија за гласање – појаснуваат од македонскиот парламент.