Зетот на Цеца сакал да ја проба и малата на Јовиќ

424

Репрезентацијата на Србија денеска го игра најважниот натпревар од групната фаза на СП 2022, но дуелот против директниот ривал за втората позиција, селекцијата на Швајцарија, е во сенка поради големиот секс-скандал.

Одредени медиуми ја пласираа информацијата дека неколкумина фудбалери се обвинети дека имале љубовна афера со сопругите на репрезентативните колеги, но таквата сензационална информација експресно беше демантирана од самите играчи.

На социјалните мрежи можеше да се прочита дека настанал хаос во соблекувалната на Србија и тоа поради физичката пресметка помеѓу Душан Влаховиќ и Немања Гудељ.

Овие медиуми пишаа дека Влаховиќ спиел со сопругата на голманот Предраг Рајковиќ, односно дека Гудељ имал афера со понежната половина на Лука Јовиќ, атрактивната манекенка Софија Милошевиќ.

Во јавноста се појави и информацијата дека имало физичка пресметка помеѓу Гудељ и Јовиќ, но сè уште не откриено кој е „кртот“ од соблекувалната на Србија.

Сосема очекувано, фудбалската репрезентација на Србија експресно ги демантираше пласираните информации, а истото го направи и напаѓачот на италијанскиот калчогигант Јувентус, Душан Влаховиќ.

  • Тоа што го читаме се сериозни глупости и небулози. Тоа е дело на луѓе на кои им е здодевно и кои немаат што да прават во слободното време затоа што се искомплексирани, злобни и се лути на некого. Јасно е дека работат против интересот на репрезентацијата. Атмосферата никогаш не била подобра, сите сме обединети, ништо не е променето. Не е првпат да се случи ова и затоа морав да реагирам – изјави Влаховиќ.

Србија само со победа на денешниот дуел ќе обезбеди пласман во осминафиналната рунда, додека на Швајцарија ѝ одговара натпреварот да заврши без победник, нормално под услов Бразил да не загуби убедливо од репрезентацијата на Камерун.

Кога е во прашање групата Х, Јужна Кореја мора да слави во дуелот против Португалија, која веќе се пласираше во осминафиналето, додека на Гана ѝ одговара да одигра нерешено против Уругвај, кој, исто така, само со победа може да се надева на пласман во следната рунда.

Утре на програмата: ГРУПА Г: Бразил – Камерун (20:00 ч.), Србија – Швајцарија (20:00 ч.). Табела: Бразил 6, Швајцарија 3, Србија 1, Камерун 1 бод. ГРУПА Х: Уругвај – Гана (16:00 ч.), Јужна Кореја – Португалија (16:00 ч.).