Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Гватемала

32

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди денеска главниот град на Гватемала.

Земјотресот, кој траеше подолго време, ги тресеше зградите. Засега нема информации за евентуални жртви или оштетувања.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот бил крај брегот на Пацификот, на 4,7 километри југозападно од Чамперика, на длабочина од 10 километри.

Извор:МИА