Земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер на границата меѓу Турција и Иран

74

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди пограничниот регион на Турција и Иран, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, јавува Ројтерс.

Засега нема извештаи за потенцијални жртви или материјална штета.