Попладнево во 17 часот и 45 минути, Грција ја погоди земјотрес со јачина од 4,2 степени.

Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 2 километри и се наоѓал на 8 километри југозападно од градот Превеза и 122 километри северозападно од градот Патра, познати летувалишта на Јонското Море.

Жител на Превеза напишал на веб-страницата на ЕМСЦ дека земјотресот „се почувствува добро“, но дека траел кратко.