Земјите во развој предупредуваат на акумулација на вакцини

68

Лидерите на земјите во развој предупредија на Генералното собрание на ОН дека акумулацијата на вакцини против Ковид -19 во богатите земји овозможува развој на нови варијанти на вирусот корона, како и дека инфекцијата повторно зема замав.

Филипините, Перу, Гана и многу други земји велат дека солидарноста не успеала, а генералниот секретар на ОН нерамномерната распределба на вакцините против Ковид-19 ја нарече „бесрамна“, објави Ројтерс.

„Богатите земји складираат вакцини, додека сиромашните земји добиваат по една лажица“, рече филипинскиот претседател Родриго Дутерте.

„Сега тие веќе зборуваат за дополнителна вакцинација, додека земјите во развој ги делат дозите на половина за да ја надминат ситуацијата.

„Ова е шокантно и мора да се нарече со вистинското име – себичност која не е ниту оправдана ниту морална“, рече Дутерте.

Околу 35 проценти од луѓето во светот кои примиле барем една доза вакцина доаѓаат од земји со високи приходи, од кои 28 проценти се од Европа и Северна Америка.

Во меѓувреме, стапката на вакцинација во некои земји, како што се Хаити или ДР Конго, е помала од еден процент.

Африка е тешко погодена од т.н национализмот на вакцините, при што околу 900 милиони Африканци допрва ќе ја примат вакцината за континентот да достигне 70 проценти вакцинација.

Соединетите држави денеска ветија дополнителни 500 милиони дози вакцини за други земји, а Кина две милијарди дози вакцини за остатокот од светот до крајот на годината.