Земја од соништата – среде Европа, а нема аеродром, ни железница

103

Иако е најбогатата земја во Европа, Лихтенштајн нема аеродром, ни железница, а граѓани имаат пауза за ручек од 90 минути. Во текот на тие час и половина од 12 до 13.30, во државата мора да биде тишина, односно не е дозволено „гласна забава и косење трева“.

Покрај тоа, Лихтенштајн секоја година во февруари или март на своите граѓани им дава една платена недела одмор за да се занимаваат со спорт на т.н. „спортски празник“. Данокот на добивка пак, изнесува 12,5 отсто, што е најмалку во Еропа.

Државата не излегува на море и е една од најмалите земји на светот, со помалку од 40.000 жители, од кои една третина се странци. Иако не е членка на ЕУ, Лихтенштајн е дел од Европската зона за слободна трговија, Шенген зоната и Европската индустриска зона.

Меѓутоа, оваа земја е под постојан притисок на меѓународната заедница, токму поради даноците – се најде и на црната листа на ЕУ на земји кои не соработуваат во даночниот надзор.