Јануари оваа 2020-та година, беше најтоплиот јануари од почетокот на мерењето на температурите, нешто потопол од досега рекордниот во 2016-та година, објавија од „Коперникус“, (Copernicus), европскиот центар за климатски промени.

После рекордно топлата деценија која заврши, а беше втора најтопла од почетокот на мерењето на температурите, новата деценија започнува во еднаков тренд.

Просечната температура на Земјата измерена минатиот месец била за 0,03 степени Целзиусови повисока во однос на досега рекордниот јануари од 2016-та година. Температурата била за 0,77 степени Целзиусови повисока од просекот за јануари во периодот од 1981-ва до 2010-та година.

Во голем број на подрачја во светот биле регистрирани повисоки температури, а посебно во Европа каде се измерени 3,1 степени Целзиусови повеќе од просекот за периодот од 1981-ва до 2020-та година.

На североистокот на Европа, посебно во Скандинавија и Русија, разликата е поголема од 6 степени Целзиусови во однос на споменатиот период.

Според „Коперникус“, петте најтопли години биле токму изминатите пет години и температурата била од 1,1 и 1,2 степени Целсиусови над температурата од прединдустриската доба. Понатаму декадата од 2010 до 2019 година, била најтопла од почетокот на мерењето.

Минатата година била втората најтопла година од почетокот на мерењето и заостанувала за само 0,04 степени Целзиусови од 2016-та година која и натаму е најтопла година.