Зеленски: Војната започна, и мора да заврши со Крим

48

Војната во Украина започна со Крим и мора да заврши со неговото ослободување, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски, откако серијата експлозии ја потресоа руската воздухопловна база на Крим, при што загина едно лице, пренесе Би-би-си.

Крим е меѓународно признат како дел од Украина – но полуостровот на Црното море беше анектиран од Русија во 2014 година.

Вчера, серија експлозии ја потресоа воената база Саки во близина на Новофедоривка, западно од Крим – која е во близина на приморските одморалишта популарни кај руските туристи.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека посетителите на плажа трчаат додека се случија експлозиите, а сведоците велат дека слушнале најмалку 12 експлозии.

Бројот на повредени во експлозиите на аеродромот се искачи на 13, а едно лице загина, соопшти регионалното Министерство за здравство.