Зеленски – Сунак: Победата на Украина над Русија ќе го промени светот

35

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во британскиот парламент изјави дека победата на Украина над Русија ќе го промени светот и ќе ги одврати идните агресори.

„Победата ќе го промени светот и ова ќе биде промена која на светот му требаше долго време“, рече Зеленски во говорот во британскиот парламент, пренесе Ројтерс.

Зеленски посочи дека Велика Британија оди со Украина кон, како што рече, најважната победа на нашето време, која ќе биде победа над самата идеја за војна.

Обраќајќи им се на британските пратеници, Зеленски ги повика сојузниците да и испорачаат авиони на Украина, пренесе АП.

„Борбени авиони за Украина – крила за слобода“, нагласи тој.

Тој ја сподели со британските пратеници приказната за неговата последна посета на Велика Британија, есента 2020 година, кога ги обиколи воените соби под Вајтхол, каде Винстон Черчил ја водеше Британија низ Втората светска војна, објави Гардијан.

Тој рече дека почувствувал како храброста го води човек низ незамисливи тешкотии за конечно да го награди со победа.

„Лондон е со Киев од првиот ден, од првите секунди и минути од руската војна против Украина“, рече Зеленски.

Тој и се заблагодари на Британија, велејќи дека подала рака на помош кога светот сè уште не разбрал како да реагира, а особено на поранешниот премиер Борис Џонсон, за неговата поддршка.

По посетата на Британија, Зеленски вечерва ќе ја посети Франција, јави француската ТВ БФМ, пренесува Танјуг.