Зеленски свика за утре итна седница на Советот за национална безбедност

53

Украинскиот претседател Володимир Зеленски свика за утре итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

„Претседателот Володимир Зеленски за утре свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Агендата и другите детали ќе бидат објавени подоцна“, објави Сергеј Никофоров, портпаролот на украинскиот претседател на својот Фејсбук профил.

Кремљ претходно денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин утре на церемонија во Москва ќе ги потпише документите за присоединување кон Русија на украинските територии на кои беа спроведени референдусмки изјаснувања.

Зеленски претходно ја предупреди Русија дека ќе следува „мошне остар“ одговор од Киев доколку Москва ги анектира четирите украински региони.