Зеленски побара забрана на сите руски државни медиуми на територијата на ЕУ

37

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ја повика Европска Унија да ги забрани сите руски државни телевизиски канали и „пропагандисти“.

Зеленски,преку видеообраќање на Конференцијата Форум 2000, што се одржува во Прага, истакна дека „не треба ниту еден руски пропаганден радиодифузер да остане на територијата на ЕУ“.

– Не треба да се дозволи ниту еден руски државен телевизиски канал да работи на територијата на ЕУ, посочи Зеленски.