Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара јасен одговор „да“ или „не“ од американскиот претседател Џо Бајден за одобрување на Украина на Акцискиот план за влез во НАТО.

Во заедничкото интервју за повеќе западни медиуми, Зеленски рече дека добил гаранции дека Бајден нема да ја користи Украина како средство за пазарење на средбата со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела.

„Ако зборуваме за НАТО и МАП, навистина би сакал да добијам (од Бајден) детали – да или не“ – рече Зеленски, мислејќи на Акцискиот план за членство даден на земјите кандидати, статус што Украина долго време го бара.

„Треба да добиеме јасни датуми и веројатноста за оваа опција за Украина“ – додаде Зеленски.

Тој рече дека Украина направила сè што е потребно за да добие план за членство во НАТО, за што Киев верува дека е клучно средство за одвраќање на Русија, но Москва жестоко се противи на таквите планови.

Тој уште побара економска поддршка од САД и повика Меѓународниот монетарен фонд да ги сфати украинските проблеми пред да постават пред властите „неправедни“ реформски барања.