Зеленски: Влезот на Украина во ЕУ не смее да трае со години

20

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина треба да се приклучи на ЕУ што е можно поскоро и дека процесот „не смее да трае со години“.

Скај Њуз пишува дека процесот на прием во членство во Унијата вобичаено трае со години, бидејќи земјите мора да исполнат одредени економски и политички критериуми.

„Денеска потпишуваме заедничка изјава, која е сигнал за единството на сите гранки на власта и доказ за нашата одлучност да ја постигнеме стратешката цел на Украина – полноправно членство во Европската унија“, напиша Зеленски во Телеграм.

„Потпишувањето на оваа изјава треба да значи исто како и потпишувањето на апликацијата за влез на петтиот ден од војната. Ни требаа 115 дена да стигнеме до кандидатурата. Патот до членството не треба да трае со години, децении. Мораме брзо да го надминеме тој пат“, додаде Зеленски на Телеграм .

„Во која мера е тоа можно зависи од нас. Мораме совршено да го направиме својот дел за да им овозможиме на нашите пријатели во Европската унија да донесат уште една историска одлука за нас исто толку брзо, на консолидиран начин“, напиша украинскиот претседател.