Зеленски:По референдумот нема да има преговори со Путин

782
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денес дека по референдумот во областите на истокот на Украина повеќе нема да бидат возможни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Референдумот може да доведе до многу трагични ситуации. Луѓето кои нема да се појават на референдумот може да останат без струја, бидејќи Русите може да им ја исклучат електричната енергија и да им оневозможат да живеат нормален живот. Тие ги присилуваат луѓето да гласаат, ги фрлаат во зандани. Ги тераат да излезат на псевдореферендум“, рече Зеленски за американската мрежа Си-Ен-Би-Ес.

Зеленски додава дека многу мал број луѓе од областа на истокот на Украина дава поддршка на референдумите.

„Меѓутоа, гледам нови закани кога ќе завршат референдумите. Ливчињата се веќе подготвени. Руската влада може званично да прогласи дека референдумот е завршен и да ги објават резултатите. Но, отпосле, ќе стане невозможно да се продолжат какви било дипломатски преговори со претседателот на Руската федерација и тој тоа многу добро го знае. Референдумот е многу опасен сигнал од Путин кој ни говори дека Путин нема да ја прекине војната“, додаде Зеленски.