Зелени палачинки за здравје

119

Палачинките му даваат друго значење на спанаќот од кои се направени, па дури и тој што не е љубител на спанаќ, тешко дека ќе одбие една ваква зелена порција, која освен забавна, е и здрава. Може да користите и мешавина од тревки, магдонос, босилек или тарагон, а наместо урда, може и моцарела или фета сирење.

Состојки:

  • 1 авокадо
  • 350г. шери домати
  • 100г. спанаќ
  • 3 млади кромидчиња
  • 1 китка свеж коријандер
  • 1 лимета
  • маслиново масло
  • 1 јајце
  • 1 шолја брашно
  • 1 шолја полу-обезмастено млеко
  • 300г. урда
  • чили сос

Подготовка:

Преполовете, обезкостете го, излупете го и ситно исечкајте го авокадото. Исечкајте ги доматите на четвртини, а потоа ставете ги во сад за салата со една четвртина од спанаќот.

Ситно исечкајте ги младите кромидчиња, додадете ги листовите коријандер и исцедете сок од лимета.

Ставете 1 лажица маслиново масло, зачинете со морска сол и црн пипер и оставете го настрана.

Ставете го јајцето во мешалка, додадете брашно, млеко, преостанатиот спанаќ и малку сол и бибер, а потоа изблендирајте додека не се создаде хомогена смеса.

Ставете голема нелеплива тава на среден оган, намачкајте ја тавата со малку маслиново масло, па истурете го тестото во тенок слој. Гответе од едната страна само 2 минути или додека не добие златна боја, а потоа наредете се на чинија за сервирање и повторете го процесот.

Над секоја палачинка ставете кукли урда, салата од авокадо и неколку добри шејкови сос од чили. Декорирајте со парчиња лимета и пржено јајце одозгора, ако сакате.

Уживајте!