Зеленилото во Кисела Вода ќе добие своја лична карта

105

Градот Скопје заедно со УНДП, започнуваат со изработка на Катастар на зеленилото во општина Кисела Вода. За почеток, во сите основни училишта и градинки на територија на општината ќе бидат евидентирани сите зелени површини, дрва и останати насади.

– Сите информации за урбаното зеленило во Кисела Вода ќе бидат поставени на официјалниот Катастар за зеленило кој ќе биде достапен и на официјалниот веб портал на општина Кисела Вода. Изработката на Катастарот на зеленило има за цел полесно и планско управување со истото, што подразбира негово подигање, одржување, заштита и реконструкција во насока на изработка на квалитетна стратегијата за развој на зеленилото на подрачјето на градот – велат од општина Кисела Вода.