ЗЕКИРИ „ЈА РАСТУРА“ КОАЛИЦИЈАТА СО ДУИ: ТИЕ СЕ ЗЛO ЗА АЛБАНЦИТЕ

134

Потпретседателот на СДСМ и пратеник од редовите на оваа партија Мyxaмeд Зекири вчера гостуваше на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21. Одговарајќи на прашањето дали би коалицирале повторно со ДУИ, Зекири рече дека тој лично не ги сака ДУИ во коалиција и дека тие биле најлошото нешто што можело да им се случи на Албанците.

Зекири тврдеше дека во институциите каде раководат функционери на ДУИ, челниците од владеачката албанска партија да вработуваат Македонци, само не Албанци од СДСМ.