Здружението „Градиме иднина“ нема поддршка за бесплатен превоз од ЈСП и бесплатно доставување пратки од Пошта

32

Претседателот на Здружението „Градиме иднина“, Илија Јовановиќ информира дека нивниот проект „Стоп против питачењето и злоупотребата на децата и нивното здравје“ во моментот е стопиран, бидејќи немаат одобрен бесплатен превоз за нивните дежурства. Воедно, не им се одобрени бесплатни услуги и не се во можност да доставуваат пратки до државните институции (МВР, полициски станици, МТСП, Центри за социјални грижи, гранични премини на МВР, радија, телевизии, електронски и печатени медиуми, детски градинки, основни и средни училишта, општини, амбасади, компании, здравствени установи, државни и приватни.

– Обезбедивме голем канцелариски материјал за реализација на овој проект, но, за жал, не можеме да го реализираме поради тоа што Македонски пошти не биле во можност овој проект да го поддржат во текот на цела 2023 година – нагласува Јовановиќ. 

Тој се надева дека некоја компанија ќе го поддржи овој проект и ќе ја покрива и плаќа поштарината за да можат да доставуваат пратки до сите институции и компании и полесно и поефикасно да продолжат со работа.

– Ние од овој започнат проект не се откажуваме без разлика на блокади и препреки. Продолжуваме со помали дежурства по четири часа на ден на раскрсниците каде ги има питачите низ цело Скопје за да може да се реализира овој проект – истакна Јовановиќ и додава дека во моментот на располагање им се само два велосипеди со кои ги спроведуваат дежурствата.

Јовановиќ информира дека во моментот подготвуваат и план и програма за цела 2023 година.

– Нашата програма ќе биде доставена до Владата, МТСП, МВР, како и до сите центри за социјална работа за продолжување на давање дежурства во четири смени во цела Македонија. Подготвуваме и заедничка акција со МВР, сите полициски станици, центри за социјални грижи од цела Македонија, како и со МТСП – вели Јовановиќ.

 (А.П.)