Здрав и хранлив појадок: Палента на наш начин

428

Палентата добро влијае на вашиот огранизам бидејќи содржи минерали и витамини. Корисна е и во спречување на разни болести, бидејќи содржи здрави маснотии и ја подобрува работата на цревата.

Може да се служи со сирење и кисело млеко.

  • 2,5 шољи вода
  • една шоља палента
  • малку путер
  • сол

Начин на подготовка:

Зовријте ја водата со путер и посолете. Додајте ја палента со постојано мешање. Намалете ја температурата и гответе уште неколку минути на тивок оган и со постојано мешање.

Палентата се служи додека е топла со додатоци по ваш избор.

Палентата може да се сервира и со разни јадења, како месо со преливи, со гулаш или зачинета со вашиот омилен зачин.