Здравствените работници да одлучат кога е време за избори

Без конкретни одлуки околу роковите, деновиве во јавноста наголемо повторно се отвори темата за нов ден за гласање, но сега и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ велат - рано е. Повикот за лидерска средба која ја најави претседателот на државата Стево Пендаровски за околу две недели, ги засили очекувањата дека веднаш по завршувањето на вонредната состојба, ќе почнат подготовките за изборното соочување. Прашањето за можно одржување на одложените избори, во јавноста се наметна откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара од шефот на државата Стево Пендаровски да закаже лидерска средба. Денoвиве партиите со став, за избори уште не се разговара, приоритет е борбата против коронавирусот и здравјето на граѓаните

322

Во двата најголеми табори се подготвени за избори, но приоритет во моментов му даваат на здравјето. Без конкретни одлуки околу роковите, деновиве во јавноста наголемо повторно се отвори темата за нов ден за гласање, но сега и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ велат – рано е. Повикот за лидерска средба која ја најави претседателот на државата Стево Пендаровски за околу две недели, ги засили очекувањата дека веднаш по завршувањето на вонредната состојба, ќе почнат подготовките за изборното соочување.

Прашањето за можно одржување на одложените избори во јавноста се наметна откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара од шефот на државата Стево Пендаровски да закаже лидерска средба. Неофицијално, Мицкоски на оваа средба ќе дојде со предлог за што поскорешно одржување на изборите и дека како термин е можен јуни или јули. 28 јуни или 5јуни почнаа да се споменуваат како можни датуми за гласање за избор на нов парламентарен состав.

Денес, партиите со став, за избори уште не се разговара, приоритет е борбата против коронавирусот и здравјето на граѓаните.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не бега од избори, подготвени се кога и да се одржат, но сепак приоритет е здравјето на граѓаните.

„Ние неколку пати за ова прашање сме разговарале во самата партија и се разбира и надвор со луѓе што се блиски до нас, но и со граѓаните дека моментално не може да има избори. Бидејќи едноставно со сите овие мерки, со сите овие ограничувања, здравјето на граѓаните е пред сè. Нам не ни е приоритет ни оваа тема“, рече Мисајловски за медиумите.

Мисајловски смета дека за избори треба да одлучат здравствените работници.

-Се наоѓаме во една деликатна ситуација, но сите мора да бидеме свесни дека моментално најважно е здравјето на граѓаните. Јас се надевам дека ова што побргу ќе стивне, оние сите ограничувања што се кон граѓаните и кризните ситуации да ги снема и да влеземе во едно нормално живеење. Политичка криза како постојано да ја има во Република Македонија и како да излеземе од сето ова. Прво и основно да се потрудиме сите мерки што се предлагаат и од државата и од самите здравствени власти да се почитуваат за што поскоро да го поминеме овој процес и потоа да се вратат оние регуларни тековни прашања. Сега се навлековме во правни прашања во една правна мрежа како од ова да излеземе похрабри како да продолжи политичкиот живот во Република Македонија, истакна Мисајловски.

Сите процеси што се однесуваат на изборите во моментов се замрзнати, потсетува пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири.

-Здравјето на граѓаните е пред сѐ и над сѐ за сите нас. Изборите ќе се одржат тогаш кога ќе биде укината вонредната состојба. Тоа впрочем и е договорено меѓу политичките партии. Во моментов сите процеси што се однесуваа на изборите се замрзнати. Кога и да решат надлежните дека треба да се прекине вонредната состојба, тогаш се одмрзнуваат и роковите за предвремените избори, односно почнуваат да течат преостанатите 24 дена до одржување на изборите, вели Зекири во интервју за Фактор.

Воопшто не сме дискутирале ниту пак сме размислувале за одржување избори, бидејќи и натаму сме фокусирани на справување со вирусот ковид-19, изјави во неделата и министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека во овој момент ситуацијата е сè уште иста, сè уште сме во вонредна состојба и затоа не може воопшто да се мисли за некакво организирање на изборите.

„Апсолутно сметам дека е премногу рано за било какво друго дополнително олабавување на мерките и согласно тоа било каква организација на настан како што се, на пример, изборите. Фокусирани сме на тоа како сега ќе се почитуваат мерките, па фокусирани ќе бидеме овие следни ден до два како ќе биде организиран следниот викенд, значи апсолутно е сè уште рано да предвидиме било што такво“, рече Филипче.

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски неодамна рече дека Комисијата е подготвена да организира избори кога ќе биде потребно, но претходно, потенцира, треба да се утврди кога тие би се одржале. Тој смета дека изборите треба да ги распише претседателот на Собранието Талат Џафери, но оти претходно Уставниот суд треба да го поништи претходното решение за избори.