Здрава ужинка за есенските денови: Штангли со суво грозје

131

Доколку немате навика да го јадете сурово, искористете го супермоќното суво овошје во студениот период што претстои за поинаков начин на задоволување на аптетот за слатко.

Исечени во облици по желба, овие енергетски и вкусни штанглички можат да ви заменат и десерт по вечерата, ужинка во периодот меѓу појадокот и ручекот, или едноставно да послужат како инспирација за уживање во здрави слатки вкусови.

Потребни состојки

  • 200 г суви кајсии
  • 200 г суви сливи
  • 200 г суви смокви
  • 200 г суви урми
  • 200 г суви брусници
  • 100 г мелени ореви
  • 100 сечкани ореви
  • 100 г истолчени лешници
  • 4 големи лажици малтекс или мед
  • сол од 2 лимона
  • 1 лист од голема обланда

Приготвување

Исечкајте го сувото овошје ситно, додајте го исцедениот сок од два лимони, 4 лажици малтекс. Откако убаво ќе ги измешате сите состојки, нанесете ја смесата преку лист обланда. Покријте ја обландата со фолија, одозгора ставете нешто тешко и оставете ја така преку ноќ, смесата убаво да се стегне.

Следниот ден сечете форми по желба.