Зголемен проток на мигранти во Италија, но далеку од приливот од пред неколку години

50

Бројот на мигрантите кои пристигнаа во Италија се зголеми за речиси 150 проценти минатата година, при што повеќето пристигнувања доаѓаат од Тунис, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи.

.Во последните неколку месеци, Италија се бори да се справи со секојдневните пристигнувања на стотици мигранти на нејзините јужни брегови, задача што е отежната поради безбедносните мерки наметнати од тековната криза на коронавирус.

Со зголемената немоќ на локалните градоначалници, владата ангажираше големи фериботи за да ги задржи мигрантите во карантин, а во некои случаи ја ангажираше и војскат откако некои мигранти кои добиле позитивни резултати на коронавирус избегале од приемните центри.

Од 1 август 2019 година до 31 јули 2020 година на бреговите на Италија пристигнале 21.618 мигранти, што е за 148,7 проценти повеќе од 8.691 во претходната година, покажуваат податоците кои денеска ги презентирашеминистерката за внатрешни работи Лучијана Ламоргезе.

И покрај наглото зголемување, бројот на пристигнати мигранти е сè уште далеку под бројките забележани во последните години.

Од 2016 до 2017 година, во Италија се регистрирани 182.877 мигранти. Откако Италија потпиша договор со Либија за нејзината крајбрежна стража да ги спречува мигрантите да заминат, бројот се намали на 42.700 во периодот меѓу 2017 и 2018 година. Околу 41,6 отсто од мигрантите дошле од Тунис, а 40,5 проценти од Либија.