Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

96
Crop of vegetables. Potatoes, tomatoes, peppers, eggplant and other vegetables.

Откупот и продажбата на земјоделски производи  во вториот квартал годинава се зголемени за 5,7 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 4,7 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има раст од 6,5 проценти.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи има кај житата, градинарските растенија, овошјето, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот и живината и јајцата, а намалување кај индустриските растенија, фуражните растенија, млекото, млечните производи, кожата и волната и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во сите месеци од второто тримесечје.