Зголемен интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини

105

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Како што соопшти АМС, попладнерво на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до сите возачи да не го користат автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци, кој сеуште не е пуштен за сообраќај поради проверки од безбедносен карактер.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.